Од 1 март 2025 година МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп со гордост ја одбележува својата 80-годишнина – осум децении исполнети со посветеност, сигурност и доверба. Од своето основање на 1 март 1945 година, веднаш по ослободувањето, компанијата раснеше заедно со државата, станувајќи симбол на стабилност и заштита за генерации граѓани.
Иако низ годините го менуваше своето име, МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп секогаш остана верна на својата мисија – да биде сигурен партнер на своите клиенти, семејства и компании во секој важен момент. За 80 години, без разлика на предизвиците и промените, нашите клиенти секогаш знаеја кога се сигурни.
По повод овој значаен јубилеј, претседателот на Управниот одбор и генерален менаџер, г. Бошко Андов, ја истакна важноста на довербата што клиентите ја имаат во компанијата:
“Чест ми е да ја одбележиме оваа голема годишнина со сите наши клиенти, партнери и вработени – минати и сегашни. Вашата доверба ни беше и останува најголемата вредност. Со 80 години искуство, продолжуваме посветено да нудиме сигурност, стабилност и заштита за идните генерации. Оваа година е особено значајна бидејќи, покрај 80 години јубилеј на МАКЕДОНИЈА осигурување е и 200 години јубилеј на Wiener Stadtische Versicherungsverein. Овие два јубилеи се одраз на долгата традиција, искуство и сигурност што компанијата и групацијата ги носат на своите клиенти – доказ дека сигурноста и довербата се темели на кои се гради долгорочен успех. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна.”
Годишнината ќе биде проследена со низа активности, вклучувајќи специјални кампањи, хуманитарни акции и проекти насочени кон унапредување на заедницата. Прославата започна со средба и свечен настан кој ги обедини сегашните и поранешните вработени – луѓето кои со својата посветеност ја градеа оваа куќа на доверба.
Во текот на годината, МАКЕДОНИЈА осигурување – ВИГ ќе организира и јавни настани кои ќе ја нагласат важноста на заедништвото и сигурноста, вредности што компанијата ги негува веќе осум децении.