македонија осигурување

Што носат различните полиси и покритија:
Класик и Класик плус?

Нудиме повеќе видови покритија и полиси за патничко осигурување, за да одберете што најмногу одговара на вашите потреби. Ве молиме разгледајте ги ризиците и сумите пред да се одлучите за осигурување и пред да патувате. Надоместот од полисата зависи од вашиот избор на осигурување и покритие.

Индивидуална полиса
Препорачуваме за едно патување

За еден ден Виза Класик Класик плус
Лица од 18 до 65 години 0.80 € 1.00 € 1.25 €

Полиса за деловни патувањаИндивидуална картичка за повеќе патувања* (препорачуваме за фирми чии вработени имаат чести деловни патувања)

За еден ден Класик Класик плус
Лица од 18 до 70 години (за ден) 1.00 € 1.30 €
Минимум 100 дена за максимум 6 лица 100 € 130 €
За сите погоренаведени полиси важат можностите за франшиза
- Попуст од 15% за 50 € франшиза,
- Попуст од 30% за 150 € франшиза
 
 

Детални информации за пакетите и попустите ќе може да добиете во туристичките агенции, кај агентите и брокерите за осигурување.

Погледнете ја деталната понуда на покритија за да направите споредба и да одберете.

Осигурени ризици КЛАСИК ПЛУС КЛАСИК ВИЗА
Трошоци за лекување од незгода до 50.000 € до 30.000 € до 30.000 €
Трошоци за лекување од болест до 30.000 € до 15.000 € до 30.000 €
Продолжување на престојот по болничко лекување до 4 ноќи, за 1 ноќ до 100 € до 50 €  
Посета на пациент (пат и сместување до 4 ноќи) за 1 ноќ до 100 € до 50 €  
Телефонски трошоци од болница во Европа до 50 € до 25 €  
Телефонски трошоци од болница надвор од Европа до 100 € до 50 €  
Враќање дома на деца до 14 години неограничено неограничено  
Враќање на посмртни останки неограничено неограничено  
Порано враќање во Македонија поради болест или смрт на роднини неограничено неограничено  
Задоцнето пристигнување на багаж /доцнење на 12 до 24 часа 5.600 мкд 3.500 мкд  
Задоцнето пристигнување на багаж /доцнење над 24 часа 11.000 мкд 6.000 мкд  
Кражба, уништување на багаж до 40.000 мкд до 30.000 мкд  
Кражба на багаж од моторно возило до 20.000 мкд до 15.000 мкд  
Загуба на патни документи до 3.000 мкд до 1.500 мкд  
Смрт од незгода 500.000 мкд 250.000 мкд  
Целосен траен инвалидитет (100%) до 750.000 мкд до 375.000 мкд  
Делумен траен инвалидитет до 750.000 мкд до 375.000 мкд  
Замена на официјални состаноци неограничено    
Враќање на моторно возило неограничено    
Откажување на патување 3.000 мкд    
Правна помош и осигурување на правна заштита до 6.000 €    

Зошто патничко осигурување?

Доколку на патувањето се случи незгода, болест или се укаже потреба од болничко лекување или неодложна хируршка интервенција тогаш со помош на патничката полиса на Осигурување Македонија ќе бидете згрижени каде и сте. Кога е осигурувањето во прашање навистина е важно кој стои зад вас.

Како да одберете која патничка полиса ви е потребна?

Патничкото осигурување треба да ги покрива деновите кога сте надвор од Р. Македонија. Одберете осигурување по осигурени денови, неколку месеци или годишна полиса, во зависност од тоа каде патувате и колку често патувате. Наведените примери и резиме на услуги немаат договорен туку информативен карактер. При склучување на осигурување ќе ви бидат доставени Услови за патничко осигурување за вашите права и обврски.

Како ќе ја користам полисата додека сум на пат?

Со центарот за помош на нашата асистентска куќа QBE Atlasz Assistance се поврзувате на телефонот наведен во патничката полиса, на македонски јазик, каде и да сте во светот 24/7 часа.

Што треба да направам со патничката полиса ако се разболам додека сум на пат?

Побарајте лекарска помош и јавете се на QBE Atlasz Assistance. Болницата преку полисата ќе си ги покрие трошоците што ќе настанат како последица на болест или незгода преку осигурување. Во зависност од полисата што ја имате износот до кој сте обезбедени е до 30.000 или до 50.000 евра. Ќе ги исплатиме и трошоците за враќање дома на вашите деца (до 14 год.), ако заради тоа што сте во болница треба некој да ги згрижи и врати дома.

Ми доцни багажот? Што да правам без моите лични работи?

Одберете полиса со надомест за задоцнето пристигнување на багажот во странство и надомест во случај на кражба или уништување на багажот и замена на патните документи.

Како да не мислам на последиците од најлошото?

Незгоди се случуваат, а паничкото осигурување е направено за да помогне и во најтешките моменти од животот. Го организираме и покриваме трошокот за враќањето на посмртни останки. Во случај на инвалидитет или смрт се исплаќа и надомест. Надоместот од осигурувањето зависи од тоа каква полиса со кое покритие сте купиле пред патувањето.

Овде може да ја погледнете брошурата

За детално објаснување на ризиците и покритијата во изборот на полиси ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 3 115 188 или на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS