Осигурување на
домаќинства

македонија осигурување

Домот се гради цел живот

Тој е нашата животна приказна, во него се преплетуваат нашето минато и иднина. Во домот постојано вложуваме, а забораваме колку лесно може да го изгубиме. Затоа е потребно осигурување што ќе ни обезбеди материјална сигурност од непожелни и ненадејни настани, било да се работи за човечки фактор или за огромната сила на природата.

Осигурувањето на домаќинство на Осигурување Македонија е понуда од три различни осигурителни полиси скроени да ги задоволат вашите потреби, можности и начин на живот и во голема мера да ги намалат последиците при можните штети:

  • економична полиса;
  • проширена полиса;
  • специјална полиса.

Осигурете го домаќинството од:

  • пожар;
  • гром;
  • експлозија;
  • луња во смисла на ветер со брзина поголема од 62 км/час;
  • паѓање на летала;
  • провална кражба и разбојништво;
  • излевање вода од инсталации;
  • удар од возило;
  • вандализам;
  • тежина на снег и на мраз;
  • штети на инсталациите;
  • поплава, порој и висока вода;
  • свлекување на земјиште;
  • снежна лавина;
  • земјотрес.
 

Се осигуруваат градежните објекти и покуќнината.

Можност за плаќање на премијата на 12 рати.

Плаќањето може да се изврши и со траен налог.

Осигурувањето се склучува според условите за осигурување на домаќинство.

Јавете им се на нашите агенти за осигурување, застапници и брокери и информирајте се преку бесплатната пресметка за осигурување на вашиот дом. Телефонскиот број е: 02/ 3115-188.

Овде може да ја погледнете брошурата.

Powered by CouchCMS