Моторни возилаАвтомобилска одговорност и
зелена карта

македонија осигурување

Автомобилска одговорност

Законски задолжително осигурување при регистрацијата на сите патнички возила, товарни возила, автобуси, влечни возила, специјални возила, мотоцикли, приклучни возила, работни возила и возила со странска регистрација.

Со оваа полиса е осигурена вашата одговорност за штетите што со своето возило може да ги направите на „трети лица“, односно на други учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи, Осигурување Македонија ја презема одговорноста за надомест на штетата кон „трети лица“.

За што се осигурувате?

Ако при сообрaќајната незгода настане последица   Доколку вие причините штета на трето лице Со АО ПОЛИСАТА
  • Нарушување на здравјето
  • Телесна повреда
  • Смрт
На учесници во сообраќајот (возачи, патници, пешаци) - трети лица ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ
ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
КОН ТРЕТИ ЛИЦА
Оштетување или уништување На моторното возило на учесниците во сообраќајот - “трети лица”
 

Зелена карта

Како клиент со полиса за АО (автоодговорност) од Осигурување Македонија, ако патувате со Вашето возило во странство треба да имате ЗЕЛЕНА КАРТА од Осигурување Македонија, која е достапна на сите наши продажни места; Зелената карта е полиса која ја осигурува вашата одговорност како возач на Вашето возило во странски земји.

Покрај основното можете да направите и осигурување за возач и патници за последици од незгода:

  • Траен инвалидитет
  • Смрт од несреќен случај
 

Можете да ги вклучите во осигурување стаклата на возилото по Условите за комбинирано осигурување на моторни возила.

  • За нашите клиенти со полиса за автоодговорност имаме попусти за каско осигурување на моторни возила, и попусти во СЕМЕЕН ПАКЕТ.
  • Купете полиса за автодговорност во нашите канцеларии или јавете се на нашите овластени лица и Ќе ви ја донесат полисата кај вас. Следно што ќе направите е техничкиот преглед и заверка во МВР.
  • Правата и обврските по оваа полиса се согласно Условите за осигурување од автомобилска одговорност (линк кон Условите). Нив ќе ги добиете при купувањето на полисата која е достапна во сите наши канцеларии низ Македонија, на продажните места на нашите овластени дистрибутери и брокери и од нашите агенти и застапници за осигурување кои полисата ќе ја донесат на вашето работно место, дома односно како ќе одберете.

Овде може да ја погледнете брошурата.

За детално објаснување на ризиците и покритијата во изборот на полиси ќе ви помогнат нашите агенти, застапници и брокери. Јавете се на 3 115 188 или на info@insumak.mk.

Powered by CouchCMS